По забраната за концертот, во клубовите во Пула ечат српските народњаци

Од:

И покрај забраната на градоначалникот да се одржи концертот со фолк музика на 25 март во куќата на спортот на Пула, српските песни се слушаат во речиси сите клубови на Пула, пренесува хрватски РТЛ. Како што се наведува во текстот, забраната не носи ништо добро.

Снимките забележани за време на изминатиот викенд во еден клуб во Пула јасно покажуваат дека музиката победи, како и дека сите се веселат на звуците на популарните народни изведувачи.

Како што вели музичарот Даниел Вале, песните не навредуваат никого и сите се љубовни. Тој посочи дека би му била чест да оди на откажаниот концерт.

„Сите се тоа врвни музичари, продукција, тие не доаѓаа тука со два мали звучници“.

Музичарот Ален Витасовиќ вели дека забраната не е добар потег и тврди дека секоја забрана е контрапродуктивна.

Младите граѓани на Пула велат дека слушањето на српските народњаци им е интересно, но исто така и наведуваат дека забраните не се решение.

„Тоа е без врска, затоа што секој има право да го слуша она што го сака“.

Граѓаните на Пула останаа затекнати од одлуката на градоначалникот Филип Зоришиќ, кој забрани да се одржи концерт на народна музика.
„Тука има многу клубови во кои настапуваат српските изведувачи. Беше скоро Саша Ковачевиќ, а беа и Сергеј Цетковиќ и Бајага“, изјави жителка на Пула.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски