Кога станува збор за пазарот на апликации, Андроид првпат ја презеде лидерската позиција. Значително повеќе се преземени апликации за телефони кои го поддржуваат овој оперативен систем отколку iOS, покажуваат резултатите кои вчера ги објави компанијата „Ап Ени“ (App Annie).
Гугл, кога е во прашање бројот на преземени апликации, забележа победа врз Епл. Податоците кои ги објави аналитичката компанија „Ап Ени“ покажуваат дека во вториот квартал од годинава од Google Play Store се преземени 10 отсто повеќе апликации отколку од iOS App Store.
Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека треба да се земе предвид тоа што апликациите од „работилницата“ на Епл ги користат само корисниците на нивните производи, додека Google Play Store е отворен за смартфоните и таблетите на голем број други производители.
Од друга страна, на корисниците на апарати со оперативен систем Андроид на располагање, освен Гугл, им се и низа други платформи за преземање апликации.