Пијан брокер, купил нафта за 520 милиони долари и ја зголемил цената на рекордно ниво

Од:

За брокерите од лондонското Сити не е претерано необично после пијаната вечер во градот да не знаат точно за што залудно потрошиле пари, но Stiv Parkins (34), долгогодишен брокер на компанијата PVM oil fiucers, се сооччил со многу поголем проблем, пишува британски “Телеграф” .

Утрото на 30 Јуни минатата година, бил повикан од страна на административен службеник на неговата компанија, кој сакал да знае на што потрошил 520 милиони долари од парите на компанијата и зошто во глуво доба на ноќта, на лаптоп од својот дом, купил седум милиони барели сурова нафта.

Точните детали за овој бизарен инцидент се дознаваат токму сега, по истрагата на Службата за финансиска контрола.

До 10 часот следното утро, се покажало дека со ова купување на своја рака, извршено во состојба на целосно поматена свест од алкохол, ја кренал светската цена на нафтата на највисоко ниво во изминативе осум месеци.

Околу 2 часот наутро, цените во рок од половина час се качиле за долар и половина за барел нафта а обемот на трговијата со обврзници се зголемил десеткратно – што инаку може да го предизвикаат само настани од геополитичко значење.

До моментот кога PVM увиде дека купувањето е неовластено, брзо почна да се корегира, но се акумулирала загуба во износ од годишниот обрт на компанијата.

Набрзо беше објавено дека Перкинс е отпуштен. Во истрагата признал се, и се согласил да соработува, тврдејќи дека од настаните од судбоносната ноќ се сеќава само делумно и дека неговите постапки претставуваат резултат на тешко пијанство.

Беше утврдено дека Перкинс во текот на викендот играл голф со колегите од компанијата и многу испил, но следниот ден се вратил на работа. Во почетокот почнал да тргува со нафта во име на клиентот, но набргу следувале неколку купувања со пари на компанијата. По попладневната пауза, во текот на ноќта повторно се вклучил во трговија со својот лаптоп, “дрво пијан”. За кратко време, секој пат нудејќи се повеќе, узурпирал 96 отсто од светската трговија со нафта во моментот, и предизвикал метеж на светскиот пазар “билдајќи” ја цената.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Цените на нафтата благо пораснаа

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски