Цените на нафтата благо пораснаа

Од:

На глобалните пазари, цените на нафтата благо пораснаа минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на забрзување на растот на кинеската и другите големи светски економии, што ќе ја поддржи побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар минатата недела цената на барелот порасна за околу 1 отсто, на 83,98 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2 отсто, на 80,06 долари.

Благиот пораст на цените е благодарение на новите податоци кои поттикнаа надежи дека растот на најголемите светски економии би можел да се забрза, што би го поттикнало и растот на побарувачката на нафта. Беше најавено дека кинеското индустриско производство во април порасна за речиси 7 отсто на годишна основа, а дополнително Кина најави нови мерки за стабилизирање на пазарот на недвижности погоден од кризата.

Падот на залихите на нафта и деривати во најголемите светски економии, исто така, го поддржува оптимизмот за побарувачката. Дополнително, благодарение на малото ублажување на инфлацијата во САД, трговците се надеваат дека наесен американската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки, што би требало позитивно да влијае на растот на економијата.

Покрај тоа, намалувањето на стапката на ФЕД може да го ослаби доларот, што ќе ја направи нафтата подостапна за корисниците на други валути. Иако ситуацијата на Блискиот Исток не е целосно смирена, аналитичарите оценуваат дека е намален ризикот од ескалација на конфликтот, па тамошните настани во моментов не влијаат премногу на цената на нафтата.

Дополнително, се очекува Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја задржат политиката на намалување на производството во втората половина од годината, по 1 јули, доколку побарувачката не зајакне. Главно поради геополитичките тензии на Блискиот Исток, од почетокот на годинава цената на нафтата на лондонскиот пазар порасна за околу 8 отсто, а на американскиот пазар за повеќе од 9 отсто.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Горан Наумовски

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

A1on

Најголем месечен пад на цената на нафтата годинава

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 2 отсто минатата недела

Катерина Ѓуровски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа