Петто издание на NASA Space apps challenge во Македонија

Од:

Петтото издание на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge ќе се одржи од утре до 30 април во Скопје, во организација на ЊуМенс Бизнис акцелераторот и Голдилокс Стејт Фондацијата, под покровителство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Победничкот тим од Македонија ќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност да проследи полетување на вселенско летало, но и да го презентира своето решение пред претставници на NASA и комерцијалната вселенска индустрија.

За наградата од Македонија ќе се натпреваруваат 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи кои заеднички ќе работат на креирање решенија за проблемите со кои се соочува Земјата и Вселената, со поддршка и совети од експерти од компании поддржувачи на овој настан, најавија од ЊуМенс Бизнис акцелераторот.

На светско ниво станува збор за најмасовниот интернационален хакатон во светот што се случува истовремено на шест континенти, во 170 градови, со над 15.000 учесници. Активностите ги раководи NASA од каде за време на хакатонот ќе им стават на располагање на учесниците отворени податоци од своите истражувања, како и свој тим на експерти со кои учесниците ќе можат да комуницираат за време на натпреварот.

Свеченото отворање на натпреварот ќе се одржи утре во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), а натпреварувачките активности се предвидени за сабота и недела во просториите на ЊуМенс БА. Предизвиците за натпераврот се достапни на https://2017.spaceappschallenge.org/challenges/, а пријавувањето може да се направи на: http://bit.ly/spaceappsmk2017.

Њу Менс Бизнис акцелератор истовремено го организира овој настан и во Силиконската долина која е прогласена од NASA за една од двете главни сцени на светско ниво поради што учесниците од Македонија ќе можат да соработуваат и со тимовите и експертите од NASA и индустријата и од оваа локација.

Партнери на Њу менс БА за натпреварот во Македонија се Амбасадата на САД во државава и телекомуникацискиот оператор Вип.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега