Петгодишно девојче досега прочитало 875 книги

Од:

Вообичаено децата на возраст од пет години времето го минуваат играјќи со своите другари или играчки. Ова меѓутоа не се однесува за петгодишната Софија Мос од американската сојузна држава Луизијана.

Имено, девојчето досега причитало вкупно 875 книги. Библиотекарката во локалната библиотека Мери Лание вели дека ако Софија продолжи да чита со вакво темпо наскоро ќе мора да нарачува нови книги.

Таткото на малата Софија, Карл вели дека се започнало поради ликот од популарната детска емисија „Улицата Сезам“, Елм, благодарејќи на кој девојчето научило да чита кога имало три и пол години.

– На почетокот секој ден од библиотеката земаше по три книги, но сега таа бројка порасна на десет, вели гордиот Карл Мос, кој посакуква неговата ќерка да стане адвокат.

Петгодишната Софија пак изјавува дека многусака да чита.

– Кога читам тогаш сум многусреќна. Понекогаш знам да прочитам и по шест книги во еден ден, вели Софија.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он