Пет можни причини поради кои АјФон го исфрли 3,5 милиметарскиот отвор за слушалки

Од:

Одамна е познато дека највпечатливата промена на АјФон 7, во однос на неговите претходници, ќе биде немање на 3,5 милиметарски отвор за слушалки. Сепак, не е јасно зошто се случи тоа…

Загрижените љубители на Епл ќе мора да користат Блутут слушалки или пак да купат со Lightning приклучок, додека одреден број потенцијални купувачи токму немањето на 3,5 милиметарски отвор, сигурно ќе ги одбие од купување на АјФон 7 и АјФон 7 Плус.

Додека го чекаме 7 септември, кога новиот уред на Епл, најверојатно ќе биде претставен, просечниот потрошувач се прашува дали АјФон 7 ќе биде во нешто подобар ако се откажа од важниот дел на целата поволност која ја пружаат мобилните смартфони.

Според пишувањето на Машабл, постојат пет можности, т.е. решенија поради кои американската компанија го исфрли отворот за слушалки:

1.АјФон ќе поддржува високо квалитетни стерео звучници, а приклучокот за слушалки претставува физичка пречка.

2. Епл сака да произведува потенки уреди, а 3,5 мм влез за слушалки едноставно е премногу дебел.

3. Епл сака што подобро да го затвори уредот за да го направи поотпорен на вода.

4. Епл сака да ги продава своите слушалки за Lightning влез.

5. АјФон ќе има поголема батерија која не може да се смести без исфрлување на отворот за слушалки.

Омилената причина е претставувањето на првите квалитетни стерео звучници во АјФон, кој до сега, кога е во прашање репродукцијата на звукот, беше зад другите производители како што е HTC. За жал, новите информации до кои дојде францускиот сајт Nowhereelse прикажуваат отсуство на стерео системи.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ