Пентагон ги повикува хакерите да го хакираат

Од:

Американското Министерство за одбрана во Америка објави оглас за вработување на експерти за информациска технологија, кои ќе бидат тестирани така што ќе им биде кажано да ја хакираат интернет страницата на тоа Министерство.

Овој потег има за цел пронаоѓање и поправање на слабите точки во безбедноста на кибер системот на Пентагон.

Американски официјални лица често напоменуваат дека системот на Министерството за одбрана го тестираат и напаѓаат милион пати дневно.

Програмата наречена „Хакирајте го Пентагон“ ќе почне да се спроведува следниот месец.

Официјалните лица на Министерството за одбрана мораат прво да разрешат многу правни прашања, вклучувајќи одобрение на поединци да хакираат активни интернетски страници.

Американскиот министер за одбрна Ештон Качер изјави дека „одговорните“ хакери ќе бидат повикани да учествуваат во таа програма.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг