Отворањето на Дизнилендот во Хонгконг најавено за 18 јуни

Од:

Рекреативниот Дизниленд парк во Хонгконг, што беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, ќе продолжи да работи од 18 јуни.

Детскиот парк ќе работи со намален капацитет, со ограничен број посетители, а ќе се зајакнат и мерките за заштита на здравјето, соопштуваат оттаму.

Повеќето од продавниците и рестораните во овој тематски парк ќе почнат со работа, но исто така – со ограничен број посетители, мерење температура и со почитување на мерките за физичка оддалеченост. Работата на хотелите во комплексот, исто така – постепено ќе се враќа во нормала. Дезинфекција на просториите ќе се извршува почесто, додека рачните средства за дезинфекција ќе бидат достапни на повеќе места.

Хонгконг пријави само неколку нови случаи на зараза последните 24 часа, при што вкупно има 1.110 случаи, од кои четири со смртни последиции од почетокот на епидемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Посетителите вриштеа во Дизниленд: Се запали змејот кој блуе оган

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

А1он

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска