Интернет-страницата „Квора“ (Quora) конечно даде одговор на една од најголемите мистерии за денешните телефони – зошто „ајфон“ работи без проблем со работна меморија од еден гигабајт, а телефоните на оперативен систем „андроид“ им е се потребни два или три гигабајти работна меморија за нормално да функционираат.
Како што наведува вебстраницата, разликата е поврзана со фактот што апликациите за „андроид“ користат „јава“, но и со процесот кој се нарекува „гарбиџ колекшн“.
Во моментот кога корисникот на „андроид“ ќе ја затвори апликацијата, овој процес ја „рециклира“ меморијата. Проблемот е во тоа што тој бара четири до осум пати повеќе меморија, отколку што во моментот се користи за да биде ефикасен. Доколку бараното количество не е достапно, доаѓа до забавување.
Оперативниот систем „иос“ не користи ваков процес, па затоа телефоните „епл“ може да работат со работна меморија од еден гигабајт, па дури и со такви перформанси да бидат подобри од телефоните со оперативен систем „андроид“.