Oткриено како Египќаните ги пренесувале големите камени блокови за пирамидите

Од:

Прашањето како Египќаните без помош на модерна технолгоија ги поместувале големите камени блокови за да ги направат своите пирамиди, со децении ги мачат египтолозите и другите експерти.

Но, сега научниците од Универзитетот од Амстердам веруваат дека го откриле решението за кое тврдат дека „им било пред нос“ цело време.

Египќаните товарот го пренесувале преку песок во пустината на големи „санки“. Тие основни средства за транспорт, биле големи плочи со краеви лесно завиткани на горе. Кога ќе се обидете таквите конструкции со голем товар да ги повлечето по песокот, тие се вкопуваат, создавајќи куп од песок пред себе, поради што пред нив секогаш морало да се чисти.

Но, од друга страна, кога е во прашање влажен песок, такви проблеми нема. Кај песокот со одредено количество на влага, капиларните мостови (микрокапки вода кои ги поврзуваат зрната песок едно со друго) се создаваат преку зрнцата, што двојно ја зголемува цврстината на материјалот. Поради тоа песокот не се натрупува и двојно ја намалува силата потребна за влечење, објазнуваат научниците.

Египќаните очигледно тоа го знаеле, а на цртежите на ѕидот на гробницата на фараонот Џехутихотепе е прикажана сцена каде робовите влечат голем кип на својот владател, при што јасно се гледа како еден од нив пред санката истура вода, се објаснува на страницата на Универзитетот од Амстердам.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов