Откриена гробница на келтски принц од V – от век пред нашата ера

Од:

Принцот „спие“ веднаш до својата кола, опкружен со вредни предмети како голем сад за мешање на вино, пехар на кој е претставен Диносиос и други вредни предмети кои како да се подготвени за почеток на банкет. Гробот со непроценливо богатство е откриен во малото место Лаво во близината на градот Троја од страна на археолозите оd францускиот национален институт за преветивна археологија (Инрап), јавува дописникот на МИА од Париз.

Инрап работи на археолошкото наоѓалиште од почетокот на октомври и до крајот на март годинава, кога на ова место ќе продолжат градежните зафати.

Келтската гробница која потекнува од крајот на Првата железна епоха (периодот Халстат) се наоѓа во занаетчиската и трговската зона на Лаво. Во центарот на тумулусот (тумба над гробницата) со дијаметар од 40 метри, погребаниот чиј скелет се уште не е изваден почива во просторија од 14 метри квадратни, што е огромен простор. Гробницата е заштитена со заштитен ров.

Според претседателот на Инрап, Доминик Гарсиа се работи најверојатно за локален келтски принц, археолозите мислат дека станува збор за маж, бидејќи е пронајден голем нож во неговата ножница. Во една блиска гробница е пронајден скелет на жена. Таа гробница е постара од таа на „принцот“, а не се исклучува можноста дека биле во роднински врски.

Квалитетот на пронајдените предмети зборува за постоењето на трговска размена и врски меѓу Средоземното Море и Келтите, подвлекува Доминик Гарсиа. Крајот на VI и почетокот на V век п.н.е. беше одбележан со економскиот развој на етрурскиte градови-држави и грчките градови на Запад, меѓу кои на пример Марсеј. Во потрага на робови, на метал и на скапоцени руди, средозeмените трговци влегоа во контакт со континенталните келтски заедници.

Користејќи ги природните патишта како текот на реките Сена, Рона, Сона, Рајна, Дунав, келтите извлекоа профит од таа трговска размена и се стекнаа со бројни престижни богатства, еден вид „дипломатски подароци“, според претседателот на Инрап, Гарсиа.

Гробницата од Лаво сега станува дел од листата на другите монументални гробници од тој период откриени во Западна Европа, како Хошдорф во Германија или Викс во Бургундија (Франција).

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов