Австралиски научници веројатно ја решиле една од најголемите мистерии на човечката анатомија, односно што точно го поттикнува породувањето по 40-та недела од бременоста.
Тие не можат да објаснат како организмот „знае“ кога е време за породување, ниту апсолутно точно да го предвидат роденденот на детето. Меѓутоа, експертите знаат дека кога ќе дојде вистинскиот момент телото произведува протеин, „безбедносен прекинувач“, кој и дозволува на матката да се контрахира.
– Тоа би можело да доведе до нови лекови за поттикнување на породувањето кај жените со прекумерна тежина, како и да се спречи предвременото породување. Со децении баравме иницијална каписла за породувањето. Ова е прв јасен наод, изјави професорот Шон Бренеке од Универзитетот во Мелбурн.
Тој истакна дека „не станува збор за општи хормонални промени за кои претходно се зборувало, туку тоа е само еден протеин“.
Целта на истражувачката работа на научниците била пронаоѓање алтернатива за ризичен царски рез, кој е чест начин на породување кај жените со вишок килограми.
– Овие жени не поизведуваат доволно од споменатиот протеин за поттикнување на верижната реакција, нагласи шефот на истражувачкиот тим, професор Хелена Паркингтон од Универзитетот Монаш.