Основачот на Твитер верувал дека со Интернетот светот ќе стане подобар

Од:

Основачот на Твитер Ивен Вилијамс изјави дека мислел дека „светот автоматски ќе стане подобро местo“ благодарение на слободата која ја даваат социјалните мрежи, но признава дека „погрешил“.

Оваа изјава Вилијамс ја даде во интервјуто за „Њујорк тајмс“, кој пак, го претстави како „типот кој ја отвори Пандорината кутија“.

– Додека тој не се појави, луѓето имаа малку место каде можеа да одат кога ќе беа преплавени од емоции или луди идеи, единствено можеле да напишат писмо на некое парче хартија или да се расправаат со соседите, наведува њујоршкиот весник.

Овој дневен весник, во смисла на развој на комуникациската технологија, го споредува Вилијамс со достигнувањата на Јоханес Гутенберг, пронаоѓачот на машината за печатење.

– Мислев дека кога еднаш сите ќе бидат во можност слободно да зборуваат и разменуваат информации и идеи, светот автоматски ќе стане подобро место. Погрешив во врска со тоа, рече познатиот претприемач од Силиконската долина, каде е член на Управниот одбор на Твитер со најголем број акции на оваа компанија.

Вилијамс вели дека „проблемот со Интеренетот е во тоа што ги наградува екстремите“.

– Да речеме на пример, ако се возите со автомобил и гледате судар. Секако дека ќе погледате. Секој гледа. Интернет тоа го сфаќа како сите да бараат повеќе судари, па се обидува да ги обезбеди, појаснува основачот на Твитер.

Тој тврди дека цел му да ја разбие оваа шема.

– Ако научам дека движејќи се по тој пат ќе гледам повеќе и повеќе судари, ќе одам по друг пат, објасни Вилијамс.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски