Одржана третата ролеријада во Скопје

Од:

На третата ролеријада во чест на Европската недела на мобилност, учествуваа 530 деца од 21 основно училиште од Скопје и околината, а првите три места ги освоија Антонио Гилев од ОУ „Ј.Џ. Песталоци“, Стефан Стојанов од ОУ „Круме Кепески“ и Амар Мамути од ОУ „25 Мај“.

rolerijada 2014 (4)

Стартната позиција беше на булеварот „Илинденска“, од пред фонтаната „Лотосов цвет“, а учесниците во ролеријадата се движеа до крстосницата на булеварот „Илинденска“ со улицата „Никола Тесла“, кај дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило.

rolerijada 2014 (8)

Организатори на „Ролер трка 2014“, наречена „Возиме кон иднината“, чија цел е  развивање на спортскиот дух кај најмладите и создавање навики за спортување,  беа ЈУ Детскиот културен центар-Карпош од Скопје и Град Скопје.

rolerijada 2014 (9)

За разлика од годинава, лани на ролеријадата имаше околу 400 учесници.

rolerijada 2014 (10) rolerijada 2014 (11)

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот