Голем број деца, особено момчињата, ја минуваат фазата на одење на прсти, а точната причина за тоа не е позната.
Сепак доколку оваа пореметување се задржи, може да биде причина за загриженост, бидејќи еден од симптомите на аутизам, церебрална парализа или мускулна атрофија е токму одењето на прсти.
Секако одењето на детето на прсти е причина да го посетите педијатарот и да се посоветувате со него.
Една од причините за одење на прсти може да биде Ахиловата тетива. Доколкутаа е прекуса, тогаш го оневозможува спуштањето на петата на тлото.
Одењето на прсти може да биде симптом на церебрална парализа, која се јавува пред или околу раѓањето како последица на повреда или лош развој на мозокот.
Мускулната атрофија е генетска болест и поверојатна е доколку вашето дете на почетокот оделе нормално, а подоцна почнално да оди на прсти. Најчесто се јавува како последица на ослабнати мускулни влакна.
Аутизмот, за кој исто така еден од симптомите може да биде одењето на прсти, претставува биолошко развојно нарушување, чии главни карактеристики се лошата или целосното отсуство на социјалната комуникација.
Лекарите велат дека одењето на прсти се лекува со физикална терапија на истегнување на нозете и мускулите околустапалата. Освен тоа се препорачуваат и лонгети и гипс околу потколеницата.
Операцијата, со која би се продолжила тетивата со цел да се овозможи спуштањето на петата на под, исто така е една од опциите.