Одбележана Неделата за борба против ракот

Од:

Антиканцер здружението на пациенти од малигни заболувања „Животна искра“ во рамки на одбележување на Меѓународната недела на борба против ракот денеска ги посети пациентите од малигни заболувања кои се лекуваат на Универзитетската Клиника за онкологија.

zivotna-iskraПри посетата, како што соопшти Здружението, на припадничките од понежниот пол им подариле цвеќе, едукативни брошури, книги, хигиенски прибор и други подароци.

Членките на „Животна искра“ вчера ги посетиле децата кои се лекуваат на хематолошкиот и онколошкиот оддел при Универзитетската Клиника за детски болести, при што на малите пациенти им поделиле сликовници, боенки, фломастери, едукативни детски игри, книги,… обезбедени во соработка со подмладокот на Црвениот крст на Град Скопје, Секцијата на жени при синдикалната организација на „Гранит“ АД Скопје, Медикус Хелп, Матица Македонска, Атлантик Комерц, Унивел и други.

Во рамки на одбележувањето на неделата на борба против ракот, на 4 март била одржана едукативна трибина посветена на превенцијата, раното откривање и современиот третман на малигните заболувања  за превентивни прегледи, рана дијагностика и современиот третман на ракот на дојката и на дебелото црево.

Меѓународната недела на борба против ракот се одбележува од 1 до 8 март.

Бројот на жените со дијагностициран карцином на дојката во Република Македонија пред десетина години изнесувал околу 100, а сега се регистрирани 700 нови случаи годишно. Според официјалните податоци инциденцата на канцер на дојката во земјава е околу 61 случаи на 100.000 жители годишно, додека морталитетот е околу 25 случаи на 100.000. Најмладата жена оперирана од рак на дојка во Република Македонија имала само 19 години. Според експертите, раното откривање на ракот на дојката е од клучно значење во борбата против болеста.

Би можело да ве интересира

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Путин најави вакцина против рак

Шенон Доерти откако ракот и се прошири на коските: „Не сакам да умрам“

Револуционерен пробив во лекувањето на ракот: ви го претставуваме Витацептин

Ракот на грло на матка е предизвикан во 99,8 проценти од ХПВ, сѐ уште се бојкотира вакцината