Шенон Доерти откако ракот и се прошири на коските: „Не сакам да умрам“

Од:

Шенон Доерти даде големо интервју за магазинот „Пипл“, на кое ќе ја има на насловната страница овој декември.

„Не сакам да умрам. Не сум завршилa со животот. Не сум завршилa со љубовта. Не сум завршилa со создавањето. Не сум готовa со надежта дека ќе ги променам работите на подобро“, рече Доерти.

Актерката, која е позната по улогите во „Беверли Хилс, 90210“ и „Шармирана“, била искрена и расположена додека зборувала за ракот на дојката, кој откако се проширил во нејзиниот мозок, се проширил и на нејзините коски.

Актерката се надева дека ќе ги има сите услови да стане дел од клиничките истражувања за нови третмани. Таа сака да ја подигне свеста за луѓето кои боледуваат од рак.

„Луѓето мислат дека не можеме ништо, веднаш не отпишуваат. Сепак, имаме сила, сакаме да живееме и сакаме да работиме“, рече таа.

„Моите најголеми спомени допрва доаѓаат. Се молам. Се будам и легнувам заблагодарувајќи му се на Бога, молејќи се за работите што ми се важни, а сепак, не барам премногу. Тоа ме поврзува со повисоко моќ и духовност. Мојата вера е мојата мантра“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Револуционерен пробив во лекувањето на ракот: ви го претставуваме Витацептин

Ракот на грло на матка е предизвикан во 99,8 проценти од ХПВ, сѐ уште се бојкотира вакцината

Даниловски: Зошто со набавката на биолошка терапија за болните од рак, смртноста се зголемува наместо да опаѓа?

Орце Костов

Почина актерката Катина Иванова