Од идната година „Самсунг“ ќе пласира мобилни телефони кои ќе можат да се превиткуваат

Од:

„Самсунг“ одамна експериментира со смартфони што се превиткуваат, а претходно претстави прототип со еластичен OLED екран.

Меѓутоа, јужнокорејската компанија веќе идната година може да почне продажба на смартфони од овој тип. Според извори блиски на компанијата „Самсунг“, два смартфони, што ќе се превиткуваат, би можеле да бидат на пазарот до почетокот на 2017 година и ќе имаат OLED екрани.

За сега има малку детали, но се шпекулира дека првиот уред ќе биде комбинација на смартфони и таблети со петинчен OLED екран кој ќе „порасне‟ на 8 инчи кога уредот целосно ќе се отвори. 
Останатите уреди ќе бидат смартфони на склопување со екран на двете страни.

Компанијата „Самсунг“ дефинитивно има технологија за телефони што се превиткуваат, а тоа го докажа во 2014 година, кога објави снимка на концептен смартфон кој се претвара во таблет. Во 2013 година беше претставен мал, тенок и функционален OLED екран кој може целосно да се свитка.

„Самсунг“ би можел да ги претстави двата уреди идната година на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, кој се одржува кон крајот на февруари. Уредите моментно се развиваат под кодно име „Проџект Воли“ и нема да бидат дел од семејството „Галакси С“. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ