Новата стратегија на компанијата „Блекбери“ предвидува нејзино целосно фокусирање на Андроид и во блиска иднина можеме да очекуваме неколку нови уреди со оваа платформа.
По ланскиот уред на „Блекбери“, компанијата го подготвува својот втор телефон на Андроид, кој ќе се нарекува „Блекбери Неон“ и кој за разлика од прајв уредите, ќе припаѓа на сегментот од средно ниво.
Според првите фотографии на уредот, забележуваме дека тој нема карактеристичен дизајн на „Блекбери“.
„Неон“ доаѓа со 5,2 инчен дисплеј од 1.080 пиксели и Куалком Снапдрагон 617 процесор и три гигабајти РАМ меморија. Покрај тоа телефонот ќе има и 16 гигабајти мемориски простор, задна камера од 13 мегапиксели, предна камера од осум мегапиксели и батерија од 2.610 милиампер часови со Куалком Квик Чарџ со 2.0 функција.
Се очекува телефонот да се најде во продажба идниот месец по цена од околу 350 долари.