Многумина со нетрпение го чекуваат септември и претставувањето на Епл на телефонот АјФон 7, а сега се појави и фотографија која го открива изгледот на задниот дел на овој смартфон.
Познатиот типстер од Твитер Стив Хемерстофер објави фотографија на својот профил и тврди дека таа го открива изгледот на дел од претпроизвониот модел на АјФон 7. Судејќи според фотографијата, дизајнот на новиот смартфон е многу сличен на претходниот, а основната визуелна разлика е намалената линија на антената и нови поголеми сочива за камерите.
Иако последната фотографија тоа не го открива, претходните извештаи зборуваат дека АјФон 7 ќе има побрз А10 процесор. Епл исто така во септември ќе го претстави оперативниот систем iOS 10, но и поголема верзија на смартфонот со назнака 7S.
АјФонот 7 на Епл ќе биде ривал на Самсунговиот Галакси 7 и G5 смартфонот на LG.