Објавена е фотографија на смартфон ХТЦ 10 во три бои

Од:

Смартфонот на ХТЦ, ХТЦ 10 ќе биде претставен овој или следниот месец, а на интернет се појави фотографија на уредот во три различни бои. 

Објавена е фотографија на смартфонот ХТЦ 10 во три бои.

Познатиот тисптер од Твитер Еван Блас објави фотографија на која се гледа смартфонот HTC 10 во три бои, црна, сребрена и златна.

ХТЦ10 судејќи според се, позајмил некои карактеристики од дизајнот на HTC-a One A9, уред кој според изгледот потсетува на iPhone.

Кога станува збор за спецификациите, HTC 10 наводно има QHD AMOLED екран, Snapdragon 820 процесор и 4 GB RAM. На задната страна има Ultrapixel камера од 12 MP помогната од ласерска технологија.

Исто така, познато е и дека HTC ги напушта ознаките One и M во името, кои беа присутни изминатите години.

Смартфонот HTC 10 ќе биде претставен во март или април, што дава предност на ривалите Samsungu Galaxy S7 и LG G5 од најмалку месец дена. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ