Новите батерии би можеле да ги полнат телефоните за неколку секунди

Од:

 Материјалот кој го разви Универзитетот од Сари во соработка со Универзитетот од Бристол, може целосно да го замени начинот на кој ги полниме телефоните, бидејќи овозможува полнење на батеријата за само неколку секунди. 

Истражувачите развиле материјал кој може да се користи за правење на батерии кои се од 1.000 до 10.000 пати по силни од денешните. Батериите исто така ќе бидат побезбедни и побрзи.

Материјалот е посебен вид на полимер кој се користи за создавање на суперкондензатор што собира големо количество на енергија и многу брзо ја полни батеријата. Додека стандардната батерија задржува големо количество на енергија, поради што полнењето трае со часови, суперкондензаторот задржува помала енергија и ги полни за неколку секунди.

– Работиме на истражување на нова технологија кога станува збор за чување на енергијата, а овој нов суперкондензатор има потенцијал да отвори врата на нешто сосема ново. Универзитетот од Сари бара партнери кои ќе помогнат во создавање на уред за чување и се надеваме дека ќе имаме прототип до пролетта идната година, изјави Брендан Хоулин.

Елон Муск претходно спомнуваше суперкондензатори кои би биле од голема корист за електричните автомобили, така што би ги полнеле за само неколку минути или дури секунди.

Единствен проблем е што за разлика од стандардните батерии, овие имаат пократок век на траење. Суперкондензаторите веќе се користат за автобуси во Кина, но полнењето е неопходно на секое второ или трето застанување.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ