Постојано се појавуваат нови информации за новиот телефон на Apple, iPhone 6. Најновиот е дека телефонот ќе биде претставен на 19. септември.
Новиот iPhone ќе биде првиот телефон на Apple со екран од 4,7 инчи, а пофготвуваат и Phablet веризја од 5,5 инчи која ќе биде претставена кон крајот на годинава.
Промената на големината носи и поинаква резолуција која ќе биде 1.704 x 906.
Куќиштето на новиот телефон ќе биде изградено од патентиран течен метал, односно специјална легура, која освен цврстина, има можност и за самообновување доколку дојде до мали гребаници.
Многумина најмногу ги интересира цената, и според проценките на аналитичарите, поради бројните промени, цената во просек ќе биде поголема за 100 евра. Тоа значи дека новиот iPhone ќе чини околу 600 евра, на европскиот пазар.