Џошуа Сафран, извршниот продуцент на серијата „Gossip Girl“, потврди дека наскоро ќе се снима и продолжение на ова популарно остварување. Десет нови епизоди ќе бидат прикажанни на HBO Max наредната година.
Римејкот на популарната тинејџерска серија ќе говори за новите генерации тинејџери од приватните училишта, но се уште нема сигурна информација дали Блејк Лајвли во улогата на Серена и Лејтон Мистер како Блејк ќе се појават во новите епизоди.
Времето ќе покаже дали продолженијата ќе ја достигнат популарноста на првобитната серија која премиерно е прикажана во 2007-ма годинаи која го држеше вниманието на публиката цели шест сезони.