Нови откритија за почетоците на земјоделството

Од:

Гласот на Америка – Вашингтон

Новите археолошки ископини во праисториските делови на Јордан можат да пружат одговори на прашањата како луѓето преминале од лов кон занимавање со земјоделство. Меѓутоа, новите откритија исто така откриваат драматични последици од праисториските климатски промени.

Минувајќи низ исушеното, опустошеното вулканско поле во близина на Црната пустина во Јордан тешко е да се замисли дека пред околу 14.000 години тоа било место каде нашите предци почнале револуционерна транзиција, од лов на земјоделие.

Археологот од Универзитетот во Копенхаген Тобијас Рихтер предводи тим на истражувачи и истакнува дека досегашните откритија покажале дека по Леденото доба имало многу повеќе вода на планетата од денес.

– Кога луѓето почнале да се населуваат тука, тоа било земјиште полно со вода со птици и типични растенија за мочуришта, кои ги најдовме во ископините, потоа патки, лебеди, гуски, газели, диви магариња, кои тука живееле. Нешто слично на националниот парк Серенгети во Африка, вели Рихтер.

На ова место во близина на границата со Сирија, научниците нашле докази дека во областа живееле огромен број луѓе, кои можеби одлучиле тука да останат поради изобилството на животни кои можеле да ги ловат.

Истражувачите сметаат дека бујната природа исто така била причина за ловците на крај да одлучат да се сместат тука и да почнат да се бават со земјоделство.

Предметите од камења и коски од деца и возрасни лица, најдени во близина, можат да им помогнат на научниците подобро да ги разберат животите на неолитските луѓе, кои растенија и животни ги одгледувале и како изгледал општествениот живот.

Координаторката за ископините на овој проект Ерин Естрап објаснува дека камениот толчник е доказ дека раните земјоделци одгледувале мешункасти плодови и многу други посеви.

– Потоа можеме да идентификуваме разни видови на билки кои ќе ни откријат што се одгледувало тука. Тешко е тоа сега да го замислиме, бидејќи ова сега е пустина, но пред многу, многу години, ова било многу убаво и многу многу зелено подрачје, што го заклучивме врз основ на овие растенија, вели таа.

Што се однесува до природната околина, драматичната транзиција од изобилство во зелена степа до голи камења во овој дел на Јордан е цврст доказ, истакнуваат научниците, дека климатските промени кои се случиле во минатото, можат да се повторат во иднина. 

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on