Популарната Мона Лиза на Леонардо да Винчи била кинеска робинка и негова мајка.
Ова во новата теорија за потеклото на жената на најпопуларниот портрет во светот, го тврди историчарот и писател кој живее во Хонг Конг, Анџело Паратико.
Идентитетот на модел за портрет кој виси во парискиот „Лувр“ со децении е предмет на различни теории, дискусии и нагодувања. Ако теоријата на Паратико е точна, пишуваат електронските медиуми, тогаш тоа ќе значи дека мајсторот од 15. век, Леонардо да Винчи бил половина-Кинез.
Паратико за списанието „Саут Чајна Морнинг Пост“ изјави дека е стопроцентно сигурен дека мајката на Леонардо била од Ориентот, но за точно прецизирање дека била Кинеска користел „метода на дедукција“.
– Еден богат клиент на таткото на Леонардо имал робинка Катерина. По 1452 година, кога бил роден Леонардо, таа исчезнува од документацијата. Повеќе не работела таму. Во текот на ренесансата, земјите како Италија и Шпанија имале многу робови од Ориентот, објасни тој.
За да ја поддржи својата теорија, Паратико, кој работи на книгата „Леонардо да Винчи: Кинескиот уметник загубен во ренесансна Италија“ исто така, се повикува на теоријата на Фројд од 1910 година. Според таа теорија, сликата е инспирација од мајката на ументикот и дека некои делови на животот и делата на Да Винчи имаат ориентални црти.