На социјалните мрежи се појави нова „игра“ која ги поттикнува децата и тинејџерите да исчезнат на одредено време.
Низ Фејсбук кружи нова загрижувачка „игра“ која што се вика 48-Hour Challenge која ги поттикнува децата да исчезнат на два дена.
Играта предвидува и доделување на поени за секое споменување на децата на социјалните мрежи за време на бегството.
Ова е варијанта на играта Game of 72 која што кружеше низ западна Европа пред неколку години, кога децата требаше да исчезнат на 72 часа.