За сите оние кои сакаат да ги зачуваат своите контакти надвор од телефонот, едно од најчестите решенија се апликациите.
Една од опциите е новата апликација „Keeper“ со чија помош вашите контакти многу брзо ќе се најдат во именикот на новиот телефон. Доколку го замените телефонот, „Keeper“ ќе ви овозможи едноставно префрлање на контактите во новиот телефон. Можно е префрлање на контактите од телефон на телефон без разлика на оперативниот систем (Андроид, IOS, Виндоуз фоун). Исто така, можат да се чуваат контакти од повеќе различни телефони на едно место и да се префрлаат во било кој телефон.
На контактите може да им се пристапи директно во виртуелниот сервер „cloud“ (бришење, едитирање, споделување со пријателите). До своите контакти можете да пристапите од било кој телефон, на кој е инсталирана апликацијата „Keeper“.
Апликацијата ја развила компанијата „Лумира“ и постојано се работи на нејзино усовршување. Моментно ја користат повеќе од 7.000 луѓе во целиот свет.