Самсунг денеска претстави нов смартфон што работи на Тизен оперативен систем, со цел да се намали зависноста на компанијата од софтверот на Гугл.
Самсунг З1 со технологија од трета генерација и екран со течен кристал ќе се најде најпрво на индискиот пазар по цена од 78 евра.
Јужнокорејската компанија соработува со Интел за развој на Тизен. Оперативниот систем е базиран на системот Линукс, отворен софтвер, што значи дека производителите може да го прилагодуваат по сопствена желба.
Ваквиот потег на Самсунг има за цел да се намали зависноста на компанијата од Андроид оперативниот систем на Гугл.
Самсунг на почетокот на месецот на ЦЕС во Лас Вегас го претстави својот прв паметен телевизор што работи на Тизен оперативен систем.