Норвешка ги укинува ФМ радијата

Од:

Норвешкото Министерство за култура најави дека од 2017 година ќе започне процесот на целосно трансформирање на радио станиците со фреквенциска модулација (ФМ) во дигитални, со што ќе се стави крај на една ера.

Како што објави портаолот Радио.но, според Министерството, дигитализацијата ќе им овозможи на норвешките слушатели поразновидни радиски содржини.

Раководителот на Норвешкото здружение на радиодифузери, Тор Гермунд Ериксен смета дека ваквата одлука преставува важен момент за сите оние што го сакаат радиото. – Одлуката на Министерството ќе ни овозможи да се насочиме кон создавање на радиски содржини со висок квалитет, нагласи Ериксен.

Во моментов во Норвешка функционираат 22 дигитални радио станици и само пет ФМ радија.

Кај ФМ радијата звучните содржини се пренесуваат со менување на фреквенциите на радио сигналот. ФМ радиото е патентирано во 1933 година, но во последниве години со дигтализацијата на радио сигналите неговата ера се доближува до својиот крај.

Сепак, според една американска студија од 2012 година, над 90 отсто од жителите на САД и натаму слушаат ФМ или АМ радио станици барем еднаш неделно, иако е забележан тренд на пораст на слушањето радио преку интернет.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби