Норманите стигнале до Северна Америка во 1021 година

Од:

Викинзите изградиле населба на северноамериканското тло пред 1.000 години, неколку века пред да пристигне италијанскиот морепловец и истражувач Кристофер Колумбо во овој дел од светот, покажа ново истражување.

Нова техника со радиоактивен јаглерод Ц-14, којашто ги користи сончевите бури во историјата што точно може да се датираат, како и годовите на дрвото за изградба, потврди дека Норманите стигнале до Њуфаундленд (Канада), уште во 1021 година. Одамна е познато дека Европејците стигнале до Америка пред Колумбо и пошроката европска јавност да дознаат за Новиот Свет во 1492 година. Меѓутоа, сега првпат некој излезе со точно утврден датум.

Наодот е објавен во списанието „Нејчр“ (Nature).

„Подробно истражување на канадските паркови му претходеше на поврзувањето на овие објекти со древните народи на северот. Дрвените предмети несомнено се обработувале со метален алат“, се вели во студијата.

Според наводите, Ланс о’Медоуз на самиот север на островот Њуфаундленд е првата и досега единствената откриена викиншка населба во Северна Америка, но и најстариот доказ за освојувањето на Новиот свет од Европејците.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ