„Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони со два нови уреди

Од:

Јавна тајна е дека компанијата „Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони, а сега на интернет се појавија и фотографии на нејзини два уреди. 

Фотографиите се објавени откако „Нокиа“ потпиша договор со компанијата „ХМД Глобал“ вреден 350 милиони долари, која ќе го врши производството.

Се работи за смартфони со 5,2 и 5,5-инчни КјуХД екрани и Снапдрагон 820 процесори, кои го користат оперативниот систем Андроид 7.0 Нугат.

Моделот со 5,5-инчен екран поседува задна камера од 22,6 мегапиксели. Двата уреда имаат метално куќиште со врвен дизајн.

Ова не се први смартфони на „Нокиа“ за кои деталите се појавија во јавноста, бидејќи порано се зборуваше за „Нокиа П1“ и „Нокиа Ц1“.

„Нокиа П1“ е всушност „Шарп Аквос П1“ смартфон со лого на „Нокиа“. Тој поседува 5,3-инчен екран со резолуција од 1.080 пиксели, Снапдрагон 820 процесор, 3 гигабајти РАМ, задна камера од 22,6 мегапиксели, батерија од 3.000 милиампер часови и 32 гигабајти интерна меморија. 

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ