Nokia PureView 808 со камера од 41 мегапиксели

Од:

Компанијата “Нокиа” малку го подобри впечатокот на пазарот со последните “lumia” модели, од кои најдобар се покажа 920. Со цел да продолжат во добро светло, планираат наскоро да го претстават новиот Windows фон кој ќе има камера со неверојатни 41 мегапиксели.

Првиот модел со ваква камера, “Nokia PureView 808”, кој работи на оперативниот систем Simbian, се појави во средината на минатата година. Финскиот производител сега планира таа технологија да ја префрли на линијата “lumia” односно Windows телефоните.

Постои можност овој модел со кодно име EOS да биде претставен на крајот на февруари на саемот на мобилната технологија во Барселона.

nokia-808-pureview-review

Оваа камера се смета за една од најдобрите и секако, има најмногу мегапиксели кога станува збор за мобилни телефони. Иако тој сензор ќе се најде и во новиот Windows фон, треба да се напоменат некои од карактеристиките кои може да се видат на моделот 808, кој попатно е и последен Simbian.

Камерата е на задната страна, се наоѓа токму на средината, и поголема е од сите досегашни што може да се видат на паметните телефони. Можно е софтверот да претрпи одредени подобрувања, но и со моделот 808 е доволно силен и полн со различни подесувања со цел максимално да се искористи јачината на камерата.

Сликите се разбира се со одличен квалитет, дури и при поголемо зумирање. Во основното подесување прави слики од осум милиони пиксели односно резолуција од 7152 x 5368 пиксели, што некои полупрофи фотоапарати не можат да ја достигнат. Со цел да го постигне ова, “Нокиа” претстави посебна технологија за компресија на пиксели.

Освен тоа, камерата може да снима во Full HD резолуција, односно 1920 x 1080 пиксели, но според експертите најдобрите видеа ги прави во резолуција 720p. Сите слики се со 30 фрејмови во секунда.

Некои аналитичари сметаат дека ова ќе биде уште еден голем бизнис потег на финскиот производител и дека е потребно еден значително подобрен модел да ја продолжи серијата по “lumiа 920”. Сепак, никој од “Нокиа” се уште официјално не се огласил и го потврдил овој модел, а и кога би можел да се појави на пазарот.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ