Финскиот производител на телефони подготвува специјален настан за 22 октомври, а се очекува дека тогаш ќе биде претставен Нокиа Лумиа 1520.
Новата Лумиа 1520 се очекува да има екран од 6 инчи. Сепак, компанијата не објави точно што ќе се случува на закажаниот датум.
Уредот со кодно име Бандит, за кој се верува дека е новата Лумиа 1520, доаѓа со 6 инчен 1080п екран, што овој смартфон го прави најголем Виндоус телефон на пазарот.
Лумиа 1520 се очекува да има квад кор процесот, камера од 20 мегапиксели и тело од поликарбонат.
Порталот „Windows Phone Centra“ објави дека Нокиа овој уред би можела да го претстави кон крајот на септември во Њујорк.