Nokia го откажа Symbian OS

Од:

Nokia и официјално го откажа Symbian OS, во извештајот за медиумите, од компаниjата изјавија:

Во текот на нашето преминување на Windows Phone во 2012 година, ние продолживме да испорачуваме уреди засновани на Symbian оперативна платформа. Nokia 808 PureView кој се појави кон средината на 2012 година, е уред кој ги истакна нашите можности и е последен Symbian уред од Nokia.

Symbian OS на Nokia телефоните одигра клучна улога во играта на смартфони во текот на изминатите десет години, но неговото значење е сериозно намалено откако започна револуцијата со екрани на допир.

Некои од најзначајните телефони кои беа претставени од Nokia работеа со Symbian – почнувајќи од 9210 Communicator, па Nokia E61, а врвот на таа серија го достигна E71 кој беше силен конкурент на BlackBerry телефоните.

Nokia почна промена кон Windows Phone во почетокот на 2011 година, а сега започнува со мобилниот оперативен систем на Redmond кој е единствената платформа на смартфоните на Nokia.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

Орце Костов

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ