Компанијата Мајкрософт претстави нов телефон Нокиа 215, што е најевтиниот мобилен што нуди пристап до интернет.
Станува збор за уред што чини само 29 долари, а целта на Мајкрософт е да воведе онлајн услуги во земји каде интернетот не е широко достапен.
Нокиа 215 има Опера Мини пребарувач, Бинг пребарувач, апликации за Твитер и Фејбук, а достапна е и изведба со две СИМ картички.
– Со евтиниот мобилен и дигиталните услуги користиме можност на луѓето да обезбедиме прво искуство на интернет. Нокиа 215 е одличен мобилен за лица што претходно немале телефон и за оние кои сакаат да ужуваат во лесно достапни дигитални услуги и социјални мрежи, изјави Џо Харлоу од Мајкрософт.
Нокиа 215 има батрија што може да трае до 29 дена во стендбај за изведбата со една СИМ картичка и до 21 ден за изведбата со две СИМ картички.
Мобилниот ќе се најде во продажба во Блискиот Исток, Африка, Азија и Европа во првиот квартал на годината.