Блогерката Холи Актман Бекер се шокирала кога ја видела фотографијата на својата десетгодишна ќерка на избор на убавина на социјалната мрежа Инстаграм. Девојчиња од трето и четврто одделение се сликаат, ги закачуваат своите фотографии и потоа останатите корисници на мрежата гласаат за онаа која мислат дека е најмалку убава.
Фотографијата на девојчето кое ќе добие најмногу гласови се прецртува, добива големо болдирано X преку лицето. „Девојчињата кои не беа изгласани беа уништени, што е смешно потценување, односно така се чувствуваа во најдобар случај, вели Холи.
Таа вели дека му се спротивставила на инстиктот да ги блокира сите другарки на својата ќерка кои учествувале на изборот, но дека сфатила дека децата не се виновни, бидејќи никој не им објаснил на кој начин тоа е погрешно.
И така смислила да објави фотографија на која пишува „Убавината е длабока само колку кожата“, односно дека убавината е површна, а под неа напиша дека ќе го избрише секој оној кој поставува фотографии за детски избор на убавина, бидејќи тоа не е кул.
Набрзо забележала нешто неверојатно: Од налогот на нејзината ќерка, фотографиите за избор на детски Мис се помалку се појавувале, а наместо нив, децата почнале да закачуваат мотивациски пораки кои повикуваат на љубов, мир, самопочит. Така била поставена и онаа на која пишувало: „Ти!
Да, ти која го читаш ова. Ти си убава, талентирана, неверојатна и едноставно најдобра кога си ти. Никогаш немој да го заборавиш тоа, со порака да се прекине со детските избори на убавина, кои ги деградираат девојчињата.
Мама Холи била изненадена од таквиот пресврт и горда на својот ненаметлив успех. „Очигледно на социјалните мрежи малку насочување може далеку да одведе“, вели таа.