На натпреварот за Големата награда на Мајами во Формула 1 што се одржа вчера во Мајами, покрај Шакира и Том Круз кои предизвикаа еуфорија со заедничкото појавување, внимание привлече и сопругата на поранешниот тенисер Роџер Федерер.
Поранешната професионална тенисерка Мирка Федерер никогаш не изгледала послаба. Во светло сина комбинација со очила на лицето, Мирка беше непрепознатлива. Исто така, таа ја обоила косата и сега е русокоса.