Навременото тестирање е најефикасно средство за превенција од ХИВ

Од:

Навременото ХИВ тестирање претставува најефикасно средство за превенција од ХИВ. Република Македонија има широко распространета мрежа на услуги за доброволно, доверливо и бесплатно ХИВ тестирање во 11 градови. Во последните години бројот на ХИВ тестирања е зголемен. Ова на прес-конференција го истакнаа од Асоцијацијата за здравствене едукација и истражување – Х.Е.Р.А., кои посочија дека се уште мал број граѓани самоиницијативно прават ХИВ тест.

– Апелираме правилно и редовно да се употребува кондом при сексуалниот однос и ги охрабруваме сите граѓани кои практикувале сексуален однос без кондом да направат ХИВ тест бидејќи сексуалниот начин на трансмисија се уште претставува доминантен начин на пренос на ХИВ, по кои следуваат преносот преку крвен пат и од ХИВ позитивна мајка на новороденче, истакна Тања Станкова, проектен координатор во Асоцијацијата.

Од денеска до 28 ноември се организира Европска недела на ХИВ тестирање, која претставува иницијатива на повеќе од 680 организации ширум Европа кои работат на полето на превенција од ХИВ. Во активностите на Европската недела се приклучува и ХЕРА со цел да информира и да ја зголеми свеста на општата јавност за придобивките од ХИВ тестирањето. Младинскиот центар „Сакам да знам“ Водно од денеска до 28 ноември нуди советување и ХИВ тестирање секој ден од 15 до 20 часот.

– Според последните европски статистички податоци, 50 отсто од оние кои се позитивни доцна се дијагностицираат, со што се доцни со пристапот кон третман. Доцната дијагноза се поврзува со здравствени комликации, додека оние кај кои ХИВ е рано дијагностициран, кога се третира како хронична инфекција, и кои навреме почнале со антиресторвирусна терапија, живеат долго и квалитетно, додаде Станкова.

На прес-конференцијата од ХЕРА промовираа видео за ХИВ тестирање и првата мобилна апликација која овозможува полесен пристап до ХИВ тестирање.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска