Нова студија укажува на тоа дека болката во текот на породувањето е основна причина за постпородилната депресија, како и дека епидуралот може да влијае на намалување на ризикот од појава на депресија, анксиозност и други ментални нарушувања кај мајките.
Секоја година, во просек 140.000 жени само во Обединетото Кралство боледуваат од депресија, анксиозност или други ментални пореметувања во текот и по бременоста, а поголем е процентот во светот, пишува Дејли Меил.
Истражувачите ги погледнале и медицинските картони на 201 жена, кои примале епидурал во тек на породувањето и го пресметале процентот за кој болката се намалувала.
Ризикот од депресија е оценет со помош на Единбург скалата за постнатална депресија (EPDS), шест месеци по породувањето.
Откако ги утврдиле и другите можни ризици за постнатална депресија, истражувачите утврдиле дека, колку што жените чувствувале болка во текот на породувањето, толку ризикот од депресија бил поголем.
Докторката Грејс Лим од Медицинскиот центар на Универзитетот во Питсбург вели дека породилните болки може да имаат долготрајни ефекти на некои мајки.
„Болката може да биде психолошки штетна и да игра значајна улога во постнаталната депресија. Откривме дека жените кои примале епидурал во тек на породувањето, главно не биле склони на депресија”.