Научниците конечно открија што ја уништило древната цивилизација Астеките?

Од:

Индекс – Загреб

Кога во Шпанија конквистадорите стигнале во Мексико во 1519 година, таму според проценките живееле околу 25 милиони домородци. По еден век останале само милион.

Домородното население многу поефектно од шпанското оружје ги убивале епидемиите од болестите кои Шпанците ги донеле со себе. Имало многу претпоставки и шпекулации, но кои точно болести ги донеле по падот на Астечкото Царство никогаш не е потврдено.

Списанието Нејчр објави дека научниците сега ги изнесуваат првите ДНК докази за бактерија која можеби ја предизвикала најопасната епидемија од тој период за салмонелата.

Пропаста на астечкото општество била предмет на многу истражувања и општо се верува дека ја предизвикале два главни фактори, доаѓањето на шпанските освојувачи и бројните европски болести на кои домородното население немало имунолошки одговор.

Најлошата од тие епидемии била раширена од 1545 до 1550 година и се верува дека од неа умреле 80 отсто од автохтоното население. „Епидемијата од 1545 година се смета за една од нај смртоносните во историјата на Новиот Свет” – напишаа група научници од германскиот Природноматематички Институт Макс Планк на порталот „bioRxiv”, на кој се поставуваат научни трудови на увид на колегите и на рецензијата пред да се печатат.

Научниците порано сугерираа дека сипаниците или тифусот ја предизвикале епидемијата. Во една студија од 2002 година како можна причина се наведува и хеморагиската треска. Но, ниту една од тие хипотези не е потврдена со ДНК докази.

Во обид да ја откријат причината за епидемијата меѓу Астеките, научниците на гробиштата на висорамнината Оаксакан во јужно Мексико успеале да изолираат и секвенционираат ДНК на заби на 29 покојници, од кои 24 умреле во време на епидемијата од 1545 до 1550 година.

Експертите ја одвоиле бактериската ДНК од човековата и по споредувањето на резултатите со над 2700 модерни бактериски гени утврдиле дека неколку закопани на наведените гробишта биле заразени со смртоносен вид на салмонела Paratyphi C. Денес Paratyphi C е исклучително редок вид на салмонела, но се појавува повремено, посебно во земјите во развој. Предизвикува стомачен тифус. „Претпоставуваме дека Salmonela Paratyphi C придонела за големиот пад на популацијата во текот на епидемијата во 1545 година во Мексико” – заклучија германските научници.

Тоа е потенцијално прв генетски доказ за патогени кои можеби ја уништиле астечката популација по европската колонизација. „Тоа е супер cool студија” – рече Ханс Шредер од Данскиот природноматематички музеј кој не учествувал во истражувањето. „Имаат солидни аргументи” – додаде Шредер во разговор за Nature.

Некои научници имаат и одредени забелешки па велат дека техниката која ја користеле германските научници не може да ги разбере ДНК вирусите кои исто така можеле да имаат удел во астечката епидемија, што би значело дека еден голем сегмент од мистеријата и понатаму недостасува. Во независна студија објавена минатата недела научниците од универзитетот во британскиот град Ковентри анализирале бактериски ген од остаток од млада жена закопана во Норвешка пред 1200 години и го изолирале видот Paratyphi C, што упатува на тоа дека тој вид на салмонела кружел низ Европа пред европските доселеници да дојдат во Мексико.

„Само по себе тоа не е доволно да ги поврзе овие две откритија, но е добар почеток” – рече за Нејчр, професорот Хендрик Поинар од канадскиот универзитет Мекмастер. Научниците сега ќе мора да најдат повеќе древни бактериски гени од Европа и Америка од тоа време, ако сакаат да ги потврдат своите тези за тоа што ја предизвикало смртоносната епидемија која го избришала астечкото општество.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on