Научници во чудо: Пронајден човечки фосил стар 300.000 години

Од:

Идејата дека модерниот човек еволуирал во Источна Африка пред 200.000 години е на удар по извонредното откритие на 300.000 години стари човечки остатоци во марокански рудник.

Фосилите откриени во стариот рудник во оддалечените марокански планини ги потресоа темелите на една од најдолгите теории за развој на модерниот човек – дека е хомо сапиенсот потекнува од „лулката на човештвото’ во Источна Африка пред 200.000 години, пишува „Гардијан“.

Археолозите по неколку години ископувања откриле коски најмалку на петмина луѓе во Џебел Ирхуд, поранешен рудник на барит на околу сто километри западно од Маракеш.

И покрај тоа што знаеле дека остатоците се стари, тие биле многу изненадени кога стигнале резултатите од тестовите за староста на забите и камените алатки, кои покажале дека потекнуваат од периодот од пред 300.000 години.

– Многу се изненадив. Очекував дека ќе бидат стари, но не толку, објасни Жан Жак Хублин, научник од Институтот за еволутивна анропологија „Макс Планк“.

Тој истакна дека екстремната старост на коските ги прават најстарите познати остатоци од современите луѓе и претставуваат голем предизвик за идејата дека најраните членови на нашиот вид еволуирале од „рајската градина“ во Источна Африка пред 200.000 години.

– Ова ни дава целосно поинаква слика на еволуција на нашиот вид. Тоа значи дека процесот на еволулција одел многу подалеку во минатото. Изгледа дека нашиот вид бил присутен по цела Африка пред 300.000 години. Доколку постоела таква „рајска градина“, таа можеби била со големина на цел континент, наведува Хублин.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on