Научници дојдоа до нови откритија за покровот од Торино

Од:

Начниците долго време изразуваа сомнеж дека покровот од Торино на кој е видлива силуета на машко лице, бил користен за завиткување на Исус Христос по симнувањето од крстот, па дури и некои истражувања укажуваа дека станува збор за артефакти од средниот век, а не за предмет од првиот век.

Сепак, едно последно истражување доведе до нови сознанија за целта на покровот.

Елвио Карлино, истражувач на Институтот за кристалографија во Бари, тврди дека честиците издвоени од покровот укажуваат дека со него била завиткана жртва од мачењето.

– Честиците имаат необична структура, големина и распореденост, вели професор Џулио Фанти од Унвиерзитето во Падова.

Според него, крвта на лицето кое било завиткано во покровот содржи големо ниво на супстанци на креатинин и феритнин, какви што се вообичаени кај жртвити од мачење и претепување.

– Значи, присуството на овие наночестици пронајдени во текот на нашите експерименти укажува дека човекот завиткан во покровот од Торино починал од насилна смрт, заклучува Фанти.

Покровот е долг три, а широк еден метар, а на себе има бледи силуети од лице на маж, за кој христијаните веруваат дека е Исус.

Во текот на последните децении покровот повеќепати научно бил проучуван. Според една теорија, покровот е исткаан во средниот век и лажно претставен како платно во кое било завиткано телото на Христос симнато од крстот.

Фанти смета дека нивното истражување отвора простор за нови претпоставки за потеклото на покровот од Торино.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on