Наскоро на ВатсАп ќе можат да се бришат испратените пораки

Од:

Социјалната мрежа ВатсАп наскоро ќе воведе нова популарна опција „поништи”, со чија помош ќе може да ги стопираат и избришат пораките, фотографиите, видеоснимките или документите кои веќе сте ги пратиле некому, а не сакате да ги прими.

На овој начин всушност ќе ги избришете пораките кои не сакате да ги види корисникот на кого сте му ги пратиле. Опцијата „поништи” ќе функционира на сите типови на пораки.

Ќе можете да избриштите и одговори на некој статус, но за тоа ќе имате само пет минути. Секоја реакција која ќе се задржи на статус подолго од пет минути нема да може да се избрише.

Новата опција е дел од новата верзија на ВатсАп 2.17.30, која веќе е достапна во продавниците за апликации, но опцијата „поништи” се уште не е активна. Опцијата ќе биде достапна кога програмерите на ВатсАп со сигурност ќе утврдат дека нема никакви дефекти во неа.

Би можело да ве интересира

Падна Ватсап, милијарди корисници не можат да праќаат пораки

Ана Ололовска

Телеграм го надмина Вотс ап според бројот на корисници во Русија

А1он

Услугите на ВатсАп во прекин

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска