По успехот на Samsung Galaxy S4, објавија дека при крајот на јуни ќе излезе новата мини-верзија на смартфонот, Galaxy S4 Mini.
Мини-верзијата првпат била забележана во листата на телефони на компанијата по грешка, а ќе биде покомпактна верзија на S4.
S4 Mini ќе има екран од 10 сантиметри (за разлика од стандардните 12), ќе има камера од 8 мегапиксели и 1,66 GHz процесор.
Новиот Mini ќе ја продолжи битката на пазарот на смартфони меѓу Самсунг и Епл. Извештаите од овој месец покажуваат дека Самсунг продале 64,7 милиони смартфони во првото тромесечие на 2013-та, а Епл продале 38,8 милиони смартфони.