Намерното уривање на интернет мрежата во глобални рамки ќе ве чини само 10.000 долари

Од:

Безбедносната компанија РСА за списанието „Форбс“ откри дека пред неколку седмици е детектиран „подземен криминален форум“ на кој се продаваат хакирани компјутери. Цената на таков компјутер се движи од 4.600 долари нагоре.

На форумот, за 10.000 долари во просек, се продаваат и т.н. компромитирани ИоТ уреди, кои инаку првично биле наменети за смартфоните, а коишто би можеле да се искористат за да се урне и најсилниот сервер, нешто кое стручно се нарекува „ДДоС напад“. Како тоа функционира?

„ДДоС нападите“ го оневозможуваат пристапот до самиот компјутер. А, кога еднаш ќе ја преземат контролата врз него, хакерите можат да ја контролираат и брзината на размената на податоци, адресирањето и пренасочувањето.

Еден таков напад се случи викендов, а цел беше американскиот провајдер „Дин“. Тоа им предизвика проблеми на неколку познати светски веб-страници, како што се Твитер, Нетфликс, Спотфлај и Амазон. Со таков хакиран ИоТ уред и 180.000 ботови на мрежата, хакерската група си овозможи брзина од еден терабит во секунда, на сметка на „Дин“.

Сервисите за заштита од „ДДоС нападите“ велат дека таквите упади годинава се се почести.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски