Најстарата работничка во „Мекдоналдс“ има 94 години и не сака да оди во пензија

Од:

Американката Лорејн Маурер (94) веќе 44 години работи во ресторан за брза храна на „Мекдоналдс“ и вели дека „никогаш нема да оди во пензија“.

Маурер во „Мекдоналдс“ се вработила во 1973 година, откако нејзиниот сопругот заминал во инвалидска пензија и од тогаш во ресторанот работи по две смени неделно .

– Јас тогаш му реков на мојот сопруг дека сум премлада по цел ден да седам дома, па почнав да барам работа, изјави Маурер за „Еј-Би-Си Њуз“, во текот на забавата што за неа ја организираа колегите.

Таа никогаш не помислила дека долго време ќе се задржи на оваа работа. Иако сега е унапредена на позицијата менаџер, Маурер вели дека повеќе сака да работи во продажба, каде може да комуницира со купувачите.

– Таа е единствена која знае да направи најдобри житарки, изјави еден од редовните гости на „Мекдоналдс“.

Иако, оваа најстара работничка во познатиот ланец за брза храна, признава дека секоја година размислува за пензионирање, сепак вели дека „никогаш нема да оди во пензија“,

– Многу би ми недостасувало да работам тука. Навистина уживам во својата работа. Животот е таков каков што ќе си го направите и јас се обидувам да го направам најдобар. Не сакам во пензија, вели Маурер, која име четири деца, шест внуци и седум правнуци.

Би можело да ве интересира

Пропадна бизнисот на Мекдоналдс со вештачко месо: Никој не сака лажни хамбургери

А1он

„Мекдоналдс“ повторно ги отвара рестораните во Украина

Руската верзија на Мекдоналдс остана без помфрит

Катерина Ѓуровски

„Вкусно и точка“ e рускиот пандан за „Мекдоналдс“

Катерина Ѓуровски

Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

А1он