Најстарата географска карта на Европа пронајдена во Бретања

Од:

Двајца научници ја открија мистеријата за плочата стара 4000 години, откриена од бретонски историчар во 1900 година, која според нив претставува географска карта.

Тешката камена плоча, стара 4000 години, и мистеријата подолга од еден век, се откриени во 1900 година во Сент Белек во Леухан, во Финистер – Бретања. Плочата тешка еден и пол тон, датира од бронзеното време, можеби ги откри тајните за двајцата истражувачи, кои во неа гледале релјефна карта, односно најстарата карта некогаш пронајдена во Европа, а можеби дури и во светот.

Како што објави денешното издание на париски „Ле Монд“, плочата е откриена во 1900 година од бретонскиот историчар Пол ди Шателје (1833-1911) за време на ископувањата во Сент Белек, тумба земја за погребна употреба која датира од старата бронза ( 1900-1650 п.н.е.).

Иван Пајлер, шеф на катедрата за поморска археологија и интердисциплинарни истражувања на животната средина во Универзитет во Западна Бретања / Инрап и Клемен Никола, постдокторски соработник на Универзитетот Бурнемут во Велика Британија сметаат дека оваа плоча може да има картографски записи.

Подлабокото проучување на артефактот покажува дека е комплицирано во почетокот, бидејќи не можеа да дојдат до него. Синот на историчарот ќе го продаде на Националниот археолошки музеј во Сен Жермен-ан-Леј, каде што предметот не бил регистриран од 1990 година. Според Ле Монд, особено благодарение на добро сеќавање на чуварот двајцата научници ќе го пронајдат, „во темна и влажна визба“, во 2014 година. Три години подоцна, време потребно, да се најде финансирање на вадење и поместување на плочата, ја започнуваат студијата.

-Кога ги споредивме една врз друга топографските карти и 3Д-истражувањето на плочата, тоа ни се покажа како очигледно“, објаснува Иван Пајлер. Со помош на географи, тие успеваат да проценат согласност од 65 до 80 отсто, резултати супериорни во однос на оние „добиени со ментални карти што етнолозите ги собираат од народи како што се Папуаните или Туарезите“, според Клемент Никола.

Нивната, работата не е завршена, многу елементи, многу форми или легенди што се појавуваат на плочата остануваат се уште мистерија.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ