Сопствениците на Ајфони обожуваат овој свој апарат да го украсуваат со различни торбички, но тешко е некој украс да може го надмине единствениот примерок од сликата.
Ако имате вишок од околу 12 милиони евра, фрлете око на овој единствен примерок на iPhone 5.
Изработен е од 24-каратно злато (речиси 135 грама), 600 бели дијаманти, додека екранот му е прекриен со сафирно стакло.
Единственото копче на iPhone 5 (таканареченото „домашно копче“) е заменето со голем црн дијамант.
Автор на овој екстравагантен смартфон е Стјуарт Хјуџ, од порани познат по луксузните гаџети, а е направен за непознат кинески бизнисмен.